




Jade Scrunch Seamless Biker - Black
Jade Scrunch Seamless Biker се создадени за силно обликување, затегнување и sculpt ефект, во biker должина. Изработени се од цврст seamless материјал со висока компресија, кој го прибира телото, ја измазнува силуетата и обезбедува стабилно прилегање.
Материјалот е непроѕирен, за сигурно и удобно движење при тренинг и секојдневно носење.
Посебниот scrunch дизајн и обликувачките линии на задниот дел создаваат push-up ефект, визуелно го подигнуваат и заоблуваат задникот и создаваат понагласена форма. Push-up ефектот се постигнува исклучиво преку кројот, scrunch конструкцијата и обликувачките линии – нема дополнителни влошки.
Високиот, цврст појас го обликува струкот и дава дополнителна поддршка, додека biker должината овозможува слобода при движење.
Важно за избор на величина
Поради високата и цврста компресија, препорачуваме да изберете 1 БРОЈ ПОГОЛЕМА ВЕЛИЧИНА од онаа што вообичаено ја носите.
Jade Scrunch Seamless Biker се поцврсти и може да бидат малку потешки за облекување. Ова е нормална карактеристика на моделот поради високото ниво на компресија.
Препорачуваме да се облекуваат постепено, внимателно распоредувајќи го материјалот по нозете, без силно влечење на појасот или scrunch делот.
Важно за моделот
→ ВИСОКА И ЦВРСТА КОМПРЕСИЈА.
→ Препорачуваме SIZE UP – изберете 1 број поголема величина.
→ НЕПРОЅИРЕН seamless материјал.
→ Scrunch и обликувачки линии за изразен PUSH-UP ефект.
→ Висок и цврст појас за обликување на струкот.
→ Biker должина.
Состав
93% полиамид / 7% еластан
Одржување
За да се зачуваат компресијата, еластичноста, формата и scrunch ефектот:
Избери опции





