Политика за достава замена и враќање
Достава
- Обработка на нарачки
Сите нарачки направени преку веб-сајтот на Superstacy се обработуваат во рок од 1 до 3 работни дена, освен во случаи на викенди, државни празници или периоди на зголемен обем на нарачки.
- Време на испорака
Испораката се врши преку овластена курирска служба.
Очекуваното време на достава изнесува 1 до 5 работни дена, во зависност од локацијата на купувачот. За интернационални нарачки, времето на испорака може да варира и зависи од царински и логистички процедури.
Superstacy не сноси одговорност за доцнења предизвикани од трети страни (курирски служби, царински органи и сл.).
- Трошоци за достава
Трошоците за достава се прикажуваат при финализирање на нарачката и паѓаат на товар на купувачот, освен ако поинаку не е наведено во рамки на активна промоција.
Право на замена и враќање
- Рок за замена или враќање
Купувачот има право да побара враќање или замена на производ во рок од 7 работни дена од денот на приемот на нарачката.
- Услови за враќање
За да биде прифатено враќањето, производот мора да ги исполнува следните услови:
- да биде неносен, неоштетен и неупотребуван
- да биде вратен во оригинална амбалажа
- да ги содржи сите оригинални етикети
Производи кои покажуваат знаци на користење нема да бидат прифатени за враќање или замена.
- Исклучоци од правото на враќање
Следните производи не подлежат на враќање или рефундација:
- Gift картички
- Производи купени со попуст или за време на распродажба, освен ако не е поинаку наведено.
Рефундација
По приемот и проверката на вратениот производ, Superstacy ќе изврши рефундација во рок од 5 до 10 работни дена.
Рефундацијата се врши преку истиот начин на плаќање што бил користен при купувањето.
Трошоците за враќање на производот се на товар на купувачот, освен во случаи на испорачан погрешен или оштетен производ.
Постапка за замена или враќање
За започнување на постапка за враќање или замена, купувачот е должен да испрати барање на: superstacymk@gmail.com со наведен број на нарачка и причина за враќање.
Superstacy го задржува правото да ја измени или ажурира оваа политика во секое време, без претходна најава.
Сите измени стапуваат на сила со нивното објавување на веб-сајтот.
